Работилниците ги спроведе училишната стручна служба на тема „Љубовта, почитта и границите – препознавање и спречување на насилството во партнерските односи“. Преку отворен разговор, интерактивни активности и размена на мислења, учениците размислуваа и за разликата меѓу почитувањето и понижувањето.
Целта е младите да развијат свесност дека љубомората не е доказ за љубов, контролата не е грижа, а заканите не се начин на комуникација. Во разговорите беа вклучени и пораките дека насилството никогаш не е оправдано и дека вината не е на жртвата, како и правото на секој човек на достоинство, лична слобода и безбедност.
Од училиштето ја поврзуваат потребата за вакви разговори со трагичните настани што потсетуваат на важноста од препознавање и спречување на насилството. Нагласуваат дека училиштето има одговорност да биде простор и за усвојување животни вредности, почит и емпатија. Со работилниците сакаат да ги охрабрат младите да не молчат, да ја препознаат опасноста, да реагираат и да побараат помош.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.