Повикот за запален објект бил примен во 19:01 часот. За неколку минути на терен излегле пет пожарникари со две противпожарни возила, а уште неколку пожарникари биле мобилизирани да бидат на готовност.
До запалениот заден дел пожарникарите стигнале преку тесниот влез на куќата. Интервенцијата завршила успешно, по што се вратиле во базата и се чувствувале добро. ТППЕ Радовиш оцени дека со интервенцијата била спречена голема катастрофа.
Во случај на пожар, граѓаните можат да пријават на телефонските броеви 193 или 112.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.