Разговорот не се задржа само на книжевните наслови и авторите. Учесничките споделуваа лични искуства и мисли поврзани со прочитаното. Според библиотеката, зборуваа за книги што ги насмеале, расплакале или охрабриле, а понекогаш ги поттикнале и поинаку да гледаат на животот. Ги поврзувале љубовта кон книгата и потребата да разговараат и да споделуваат животни приказни.
На другите читатели им ги препорачаа „Моќта на потсвеста“, „Тајната на Алексови“, „Цутот на црешите“, „Крадец на бакнежи“ и „Папата Јована“. Листата ја дополнуваат „Ловејки го злотворот“, „Во врска со оваа ноќ“, „Измиен грев“, „Вештица“ и „Зад затворени врати“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.