Покрај основните техники, претставниците објаснија зошто е важно помошта да се укаже навремено и соодветно. Учениците имаа можност да поставуваат прашања и активно да се вклучат во активностите. Практичниот дел вклучуваше демонстрација со лице легнато на подлога, додека другите ученици набљудуваа.
Активноста беше дел од наставата по изборниот предмет Прва помош. Претставниците на Црвениот крст дојдоа по покана на наставниците по физичко и здравствено образование, кои го предаваат предметот, со цел учениците непосредно да се запознаат со основните принципи и постапки за помагање.
Училиштето оцени дека учениците стекнале дополнителни знаења и практични сознанија што можат да им користат во секојдневниот живот. Според училиштето, активноста придонела и за поголема свест за хуманоста, солидарноста, одговорноста и подготвеноста да им се помогне на другите кога им е најпотребно.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.