Веднаш по пронаоѓањето, екипа на граничната полиција се упатила на терен за безбедно да го преземе и да го превезе.
Потрагата почнала на 15 ноември попладне. По пад и губење на свеста, планинарот во 16:47 часот се јавил на бројот за итни случаи 112 за да ја утврди точната локација на која се наоѓа. Кажал дека е меѓу Лениште и манастирот над селото.
По пријавата биле известени надлежните полициски служби, а полициска екипа излегла на терен. Во дополнителен телефонски разговор во 17:10 часот, планинарот кажал дека се движи кон Лениште, но дека батеријата на мобилниот телефон му е при крај.
До 18:30 часот тој сѐ уште не бил пронајден, а телефонот му бил исклучен. Во потрагата се вклучиле дополнителни полициски службеници и екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Била проверена и неговата домашна адреса, при што било утврдено дека не се вратил дома.
Во акцијата учествувале и Регионалниот центар за управување со кризи Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување – Прилеп. Центарот за управување со кризи ја координирал потрагата и комуникацијата меѓу институциите и теренските служби за навремено преземање на потребните мерки и ефикасно спроведување на акцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.