Димитровски присуствуваше и на литургија во Македонската православна црковна општина „Св. Наум Охридски“. Посетата се одржа во рамките на активностите на македонската амбасада во Берн и црковната општина, кои вклучуваат и конзуларни денови за македонските граѓани во Швајцарија.
Во обраќањето, Димитровски ја истакна улогата на македонската заедница во зачувувањето на македонскиот јазик, културата и традицијата. Тој се осврна и на потребата младите генерации во дијаспората да ги негуваат врските со Македонија, да се запознаваат со македонското јазично и културно наследство и да го одржуваат чувството на припадност кон татковината.
Димитровски ги запозна присутните со Стратегијата за соработка со дијаспората 2026–2030, усвоена од Владата. Таа поставува основа за посистематски, долгорочен и партнерски однос со македонските заедници во странство, како и за нивно активно вклучување во креирањето и спроведувањето политики што ги засегаат.
Тој најави и Годишна конференција за дијаспората во Скопје, во организација на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Меѓународната организација за миграции и Агенцијата за иселеништво. Конференцијата е замислена како платформа за дијалог со претставниците на дијаспората и утврдување конкретни приоритети за идната соработка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.