385 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Штип доделени признанијата „8 Ноември“ за 2026 година

Фотографија објавена на јавниот профил на Иван Јорданов
Фотографија објавена на јавниот профил на Иван Јорданов

На свечена седница на Советот на Општина Штип по повод 8 Ноември беа доделени признанијата „8 Ноември“ за 2026 година, наградата за животно дело и Осмоноемвриската награда.

Признанијата „8 Ноември“ им беа доделени на Дора Милева, вокалната пејачка група „Ѓердан“, Доброволното противпожарно друштво – Штип, Тони Манев и Игор Илиевски.

Наградата за животно дело ја доби Стојан Троицки за долгогодишниот придонес во развојот и афирмацијата на фестивалот „Макфест“ и македонската музичка култура. Осмоноемвриската награда му беше доделена на Марко Џорлев за светската шампионска титула во карате и афирмацијата на Штип и Македонија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.