Академијата се одржа во салата на СОУ „Коста Сусинов“ по повод Денот на ослободувањето на Радовиш, 6 Ноември. Наградите беа доделени со одлука на Советот на Општина Радовиш, по предлог на Комисијата за награди и признанија.
Крсте Тарабунов и Душан Коцев добија признанија за континуиран придонес во афирмацијата на Радовиш преку културата и ликовната уметност. Ванчо Данаилов беше награден за придонес во музичката уметност, а Благоја Досијановски и здружението „Радовишанки Етно“ за придонес во фолклорот и културното творештво.
Здружението „Изведен Ораовица – Дијаспора“ доби признание за континуирана поддршка на јавните дејности и афирмацијата на општината. Атиџе Билиќ беше наградена за долгогодишната дејност и придонесот во здравството, а Славчо Тодоров за придонесот во спортот. Признанија за општествена одговорност и афирмација на општината добија компаниите „Металпромет Цветан“, „Интерпласт“ и Винарија „Кукутанов“.
Скарата на кило и ќебапчилницата „Драган“ беа наградени за угостителската дејност и зачувувањето на традицијата, а ООУ „Никола Карев“ од Радовиш доби признание по повод 50 години успешна дејност и придонес во образованието. Плакетата за Трајанов беше доделена за неговиот придонес во науката, високото образование, информатичките технологии и вештачката интелигенција.
На академијата беше одбележана и 30-годишнината од освојувањето на светската клупска титула на Боречкиот клуб „Бучим“ Радовиш. Признанија добија поранешни членови и спортски работници од таа генерација.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.