368 вести · 24 ч.
Битола 11°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Шасивари во Будва се заложи за проверки на имотот и конфискација на незаконска корист

Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за правда
Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за правда

Министерот за правда Јетон Шасивари на панел во Будва се заложи за проверка на потеклото на имотот, конфискација на незаконски стекната имотна корист и санкционирање на одговорните во борбата против корупцијата.

Шасивари учествуваше на панелот во рамки на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржува во Будва.

Тој истакна дека борбата против корупцијата треба да се потврди со конкретни резултати, одговорни институции, независно и професионално правосудство и еднаква примена на законите. Ја нагласи и потребата од зајакната меѓународна соработка со европските партнери.

Шасивари порача дека никој не смее да биде ослободен од одговорност поради функцијата, имотот или политичкото влијание.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.