На присутните им се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Тој им оддаде почит на учесниците во Народноослободителната борба и зборуваше за одговорноста кон културното и природното богатство на градот.
Во програмата беше изведен музичко-сценскиот перформанс „Охрид е песна“, во кој учествуваа Андријана Билаловиќ-Тодороска, писателката Марина Димоска и ученици од ООУ „Братство – Единство“. Настапи и Охридскиот камерен оркестар, заедно со вокални солисти.
Во спортската сала „Билјанини Извори“ се одржа свечена приредба организирана од ЈОГДУ „Јасна Ристеска“. Во име на локалната самоуправа им се обрати претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.
Во празничната програма беа претставени проектот „Охридска боенка“ од Ана Никодиноска Митровиќ и стихозбирката „Шепотот на езерото“ од Стефанија Бакулеска. Во Младинскиот центар беше промовирана самостојната изложба „Охрид во моето срце низ очите на татко и син“ од фотографот Петар Паунче-Скитник.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.