384 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во прилепското СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ обучија врснички едукатори за спречување насилство

Фотографија објавена на јавниот профил на СОУ Ристе Ристески Ричко Прилеп
Фотографија објавена на јавниот профил на СОУ Ристе Ристески Ричко Прилеп

Во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп на 6 ноември се одржа тричасовна едукација на нова генерација врснички едукатори, во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Едукацијата ја спроведоа училишниот психолог Александра Јанкоска и дефектологот Рената Станкоска, со цел учениците активно да придонесуваат за безбедна и поддржувачка училишна средина. Беа разгледани сите видови насилство, нивните последици и улогите на насилникот, жртвата и набљудувачите.

Посебен акцент беше ставен на препознавањето насилство, навременото реагирање, одговорноста и активната улога на врсниците во неговото спречување.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.