368 вести · 24 ч.
Битола 11°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Сиљановска-Давкова го прими извештајот на ЕК за напредокот во 2026 година

Извор на фотографијата: Претседател на Република Северна Македонија
Извор на фотографијата: Претседател на Република Северна Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, кој ѝ го предаде извештајот на Европската комисија за напредокот во 2026 година. Соговорниците се согласија дека се постигнати конкретни резултати и го поздравија препознавањето на Македонија како една од најуспешните во исполнувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан.

Рокас укажа на идентификуваните слабости и на потребата од засилени реформи во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата.

Сиљановска-Давкова оцени дека зголеменото ниво на подготвеност во поглавјата за дигитална трансформација и медиуми, како и образование и култура, заедно со регистрираниот напредок во науката и истражувањето и во заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, сведочат за институционалниот капацитет на државата да ги исполнува европските стандарди.

Претседателката очекува финализирањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, да донесе видливи промени и напредок во Кластерот „Основи“. Таа смета дека извештајот треба објективно да го прикажува исполнувањето на Копенхашките критериуми, а не наметнатите билатерални политички услови, кои ги оцени како спротивни на европските вредности и принципи.

Сиљановска-Давкова оцени дека изоставувањето на Македонија од групата земји предводнички во проширувањето не ја отсликува реалноста и испраќа негативни сигнали до јавноста. Таа повика на еднаков третман на земјите-кандидатки и на политичка волја и поактивен ангажман на европските институции и земјите-членки за деблокада на македонскиот пат кон ЕУ.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.