368 вести · 24 ч.
Битола 11°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Министерот за внатрешни работи Тошковски во Будва разговараше за усогласување на системот за азил

Фотографија објавена на јавниот профил на Панче Тошковски
Фотографија објавена на јавниот профил на Панче Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше на Министерскиот форум ЕУ–Западен Балкан за правда и внатрешни работи, одржан вчера и денеска во Будва. На маргините се сретна со Нина Грегори, извршна директорка на Агенцијата на Европската Унија за азил, со која разговараше за соработка и усогласување на националниот систем за азил со европските стандарди.

На форумот Тошковски зборуваше за справувањето со илегалната миграција, заштитата на границите и борбата против организираниот криминал. Во фокусот на неговите обраќања биле и безбедносните предизвици поврзани со дигитализацијата и злоупотребата на вештачката интелигенција.

На средбата со Грегори разговарале и за продлабочување на соработката и јакнење на институционалните капацитети.

Тошковски оцени дека Македонија придонесува кон европската безбедност преку конкретни резултати, заеднички операции со Фронтекс и соработка со европските агенции. Тој смета дека тој придонес треба да биде препознаен и поддржан.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.