Со одлука на Владата, јавната установа што работи за потребите на овие здравствени установи го доби возилото на трајно користење без надомест. Целта е здравствените услуги да им бидат подостапни на луѓето на кои им е потребно приспособено возило.
УЈП и нејзините вработени донираа и средства за обнова на амбулантско-поликлиничкиот дел на Универзитетската клиника за деца „Козле“. Низ тој дел од клиниката секојдневно поминуваат најмногу деца и родители.
Директорката на УЈП, Елена Петрова, го предаде возилото по повод одбележувањето на Св. Матеј, Денот на даночните работници. Го примија министерот за здравство Сашо Клековски и директорот на јавната установа Башким Бакиу. На предавањето присуствуваше и заменик-директорот на УЈП, Кемал Кроси.
Петрова рече дека вредноста на јавниот имот не се мери само според книговодствената евиденција, туку и според тоа колку може да им користи на граѓаните. Според неа, одговорност на УЈП е да ги насочи ресурсите таму каде што ќе бидат од поголема корист.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.