Предавањето го организираат ФЕИТ и ИНОФЕИТ ЕДИХ во соработка со „Quokka Computing“. Почнува на 30 ноември во 10 часот. Заинтересираните ќе можат да ја следат онлајн презентацијата преку „Google Meet“ или во просториите на ИНОФЕИТ во Скопје, каде што ќе се прикажува во живо.
Според предложената програма, вонредниот професор Кристофер Фери ќе помине во живо низ еден модул од воведниот курс за да покаже како изгледа практичната работа со „Quokka“. Заедно со професорот Сајмон Девит ќе ги претстави емулаторот и курсевите достапни на платформата за учење „EduIS“. Девит ќе објасни и како се добива сертификат и кои се можностите за понатамошно учење.
Платформата има примена во различни области што се изучуваат на ФЕИТ. Девит ќе објасни како работат квантните компјутери, како расте индустријата и какви стручни кадри и се потребни. Рамеш Нагараџан ќе зборува за примената во роботиката, сајбербезбедноста и вештачката интелигенција, како и за можностите во други индустрии. Со Девит ќе ги разгледаат светските трендови и вложувањата на владите и компаниите во квантни технологии, со примери од Јапонија и Индија.
Дамир Драчиќ ќе го отвори и ќе го затвори предавањето. Презентацијата ќе трае 75 минути, по што слушателите ќе можат да им постават прашања на говорниците.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.