„PECO“, кој снабдува околу 1,7 милиони корисници во јужна Пенсилванија, ќе ја зголеми цената за снабдување на домаќинствата на 12,965 центи за киловат-час. Домаќинство што троши 700 киловат-часови месечно ќе плаќа околу 8,91 долар повеќе, односно месечната сметка ќе му порасне за 5,36 отсто.
Кај „PPL Electric“ стандардната цена за снабдување ќе порасне за 10,3 отсто, на 14,428 центи за киловат-час. За домаќинство со месечна потрошувачка од 1.000 киловат-часови, тоа значи околу 13,49 долари повеќе месечно. Во студените месеци разликата ќе биде поголема ако домаќинството троши повеќе струја.
„PECO“ ја вбројува побарувачката од центрите за податоци меѓу причините за поскапувањето, но вели дека не може да утврди колкав дел од него се должи на нив. Како други фактори ги наведува економскиот раст, електрификацијата и затворањето електрани.
Тим предводен од истражувачи од Харвард во студија објавена во ноември 2026 година проценил дека околу 400 од најголемите центри за податоци во САД потрошиле околу 82 терават-часа струја за една година. Тоа е околу 1,8 отсто од вкупната потрошувачка во САД и повеќе од годишната потрошувачка на Данска или на Финска. Со ширењето на инфраструктурата за вештачка интелигенција, расте притисокот врз регулаторите во Пенсилванија да одговорат кој треба да ги сноси трошоците.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.