Извор на фотографијата: Фудбалска Федерација на Македонија
Вториот дуел ќе се игра во истиот центар в четврток, на 26 ноември, во 12:00 часот.
Македонскиот селектор Горан Георгиевски го објави списокот за двата натпревара.
Меѓу играчите од средниот ред е Даниел Џилберти од италијанскиот клуб Наполи.
Фудбалските репрезентации на Македонија и Србија до 15 години утре во 13:00 часот ќе го одиграат првиот контролен натпревар во тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Вториот дуел ќе се игра во истиот центар в четврток, на 26 ноември, во 12:00 часот.
Македонскиот селектор Горан Георгиевски го објави списокот за двата натпревара. За голманската позиција ги повика Давор Грабуловски од Парк и Огнен Божиновски од Форца.
Во одбраната се Хари Папиќ и Калин Арсовски од Парк, Максим Мечкаровски и Марко Мартиновски од Вардар, Стефан Петровски од Академија, Ринор Палоши од Шкупи и Милан Стаменов од Форца.
Меѓу играчите од средниот ред е Даниел Џилберти од италијанскиот клуб Наполи. За таа линија Георгиевски ги повика и Амир Бафтијари (Шкупи), Стефан Дрндаровски (Бутел), Габриел Фударски Митев (Брера), Аник Исуфи (Милано), Берат Фезулаху (Пелистер), Леон Ристов (Вардар) и Виктор Грданоски (Охрид).
Во нападот Георгиевски ќе смета на Калин Каракаш (Парк), Михаил Василевски (Форца), Адем Вукељ (Карев), Ненад Јовановиќ (Бутел) и Афан Јонузи (Арсими).
·
Редакциска обработка
Оваа содржина може да биде делумно или целосно подготвена и уредена со помош на вештачка интелигенција и може да содржи грешки или неточности.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.