Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Каракамишева: Реформата на управата мора јасно да утврди кој за што одговара

Фотографија објавена на јавниот профил на Тања Каракамишева
Фотографија објавена на јавниот профил на Тања Каракамишева

Реформата на јавната администрација не е само промена на нејзината организација, туку пред сѐ уставно и институционално прашање, оцени професорката по уставно право Тања Каракамишева. На вчерашната јавна расправа во Собранието таа посочи дека надлежностите на органите мора да бидат јасно поделени и дека се потребни ефикасни механизми преку кои тие ќе одговараат за својата работа.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците расправаше за Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа. Каракамишева ги разгледа уставните основи на предлогот и неговата усогласеност со уставниот поредок, европските стандарди и принципите на добро јавно управување. Од аспект на владеењето на правото, таа се осврна на тоа како Уставот ја уредува државната управа, како се делат одговорностите меѓу институциите и како тие самостојно ги извршуваат своите функции и полагаат сметка за нив.

Нејзиниот колега Константин Битраков, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, анализираше како предлог-законот ги класифицира органите на државната управа и ги распределува нивните надлежности. Тој ги разгледа и можностите за поедноставување на институционалната структура и механизмите за подобро функционирање и поефикасна работа на администрацијата.

Каракамишева му се заблагодари на министерот за јавна администрација Горан Минчев и на неговиот тим за соработката во текот на процесот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.