„Се надевам дека одговорот вака најдобронамерно нема да излезе во некоја од Скај преписките, ама тоа вие најдобро го знаете“, му рече Филипче на Мицкоски.
Филипче го обвини Мицкоски и за лицемерие поради различните изјави што, според него, ги дава пред странската и пред домашната јавност. „Прашањето е зошто признавате на странски медиуми дека нема предавство, а тука нѐ обвинувате дека сме предавници“, рече претседателот на СДСМ.
Според Филипче, Мицкоски не го сменил ставот, туку го менува она што го кажува во зависност од тоа кој го слуша. Филипче рече дека укажувањето на таа разлика не е кодошење и го повика Мицкоски да биде доследен. Го праша што би рекол доколку на седницата гостува претседателката Фон дер Лајен.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.