Ал Нуаими претседава со Комисијата за одбрана, внатрешни работи и надворешни работи на Федералниот национален совет. Покрај парламентарните врски, со Џафери разговараше и за тоа како двете земји би можеле да ја зголемат трговската размена и да поттикнат нови инвестиции.
Со шеикот Нахјан бин Мубарак Ал Нахјан, министер за толеранција и соживот на ОАЕ, Џафери разговараше за дијалогот меѓу луѓето од различни култури и религии. Двајцата оценија дека толеранцијата, почитувањето на разликите и соживотот заснован на меѓусебно разбирање се важни за стабилноста, мирот и добрите односи меѓу државите и народите.
Џафери пред официјалните средби се сретна со македонскиот амбасадор во ОАЕ, Абдулкадар Мемеди, кој го придружуваше за време на престојот. По разговорот со Ал Нуаими, Џафери и Мемеди присуствуваа на свеченото отворање на четвртата редовна седница од 18. законодавен мандат на Федералниот национален совет. На отворањето присуствуваа и шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател и премиер на ОАЕ и владетел на Дубаи, и шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан, потпретседател и заменик-премиер на ОАЕ и претседател на Претседателската палата.
Во Истанбул, Џафери и македонскиот генерален конзул Идрис Фазлиоски разговараа за работата на Конзулатот, за подобрување на конзуларните услуги и за поддршката на македонските државјани. Разгледаа и можности за зајакнување на економските, културните и другите врски.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.