371 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Почина Миле Трпеновски, долгогодишен секретар на охридскиот Црвен крст

Фотографија од настанот · Црвен крст Охрид
Фотографија од настанот · Црвен крст Охрид
  • Трпеновски е автор на книгата „Впечатоци за хуманоста“.
  • Погребот и поменот ќе бидат утре напладне на гробиштата во Охрид.

Во Охрид на 90-годишна возраст почина Миле Трпеновски, долгогодишен секретар на охридскиот Црвен крст. За хуманоста на која ѝ се посвети пишуваше и во својата книга „Впечатоци за хуманоста“.

Охридскиот Црвен крст го памети Трпеновски како доајен на Црвениот крст на Македонија и на поширокото движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина. За организацијата, неговата работа била поттик за генерации хуманисти, волонтери и членови на Црвениот крст, а односот кон луѓето во заедницата бил пример за тоа како се градат добри односи. Со истата грижа, велат оттаму, Трпеновски му бил посветен и на семејството како родител.

Погребот и поменот ќе бидат утре, 26 ноември, во 12 часот на гробиштата во Охрид.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.