Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Македонија го отвори прашањето за туристички престој на нејзините граѓани во Јужна Кореја без виза

Извор на фотографијата: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Извор на фотографијата: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Македонската страна денеска го покрена прашањето дали македонските граѓани би можеле без виза да престојуваат во Јужна Кореја како туристи. За таа можност разговараа Зоран Димитровски, заменик-министер за надворешни работи и надворешна трговија, и Ким Донгбе, јужнокорејски амбасадор за Македонија со седиште во Софија.

Визното прашање беше дел од разговорот за туризмот и културата, во кои Димитровски и Ким гледаат можност за зближување на двата народа и покрај географската оддалеченост. Двајцата изразија интерес и за посилен политички дијалог и поблиска соработка меѓу двете земји, особено во економијата и трговијата.

Димитровски и Ким разговараа и за актуелните геополитички движења, за состојбите во Индо-Пацификот и на Западен Балкан, како и за безбедносните и економските предизвици на регионално и глобално ниво.

Соговорниците го оценија НАТО како клучен гарант на мирот и безбедноста во Европа. Според нив, партнерството на Јужна Кореја со Алијансата е важно за справување со современите безбедносни предизвици и придонесува за мир, стабилност и одржлив развој во светот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.