Според Левица, образложението за пренамената било дека граѓанската организација „Скај Плус“, која раководи со центарот, не обезбедила лиценца. Од огранокот прашуваат каква алтернатива е обезбедена за жените и децата што зависат од центарот и кој одговара за тоа да им биде достапно безбедно засолниште.
Ако имало пропусти во работењето и лиценцирањето, институциите биле должни навреме да ги утврдат и да најдат законско решение што ќе функционира во практика, смета Левица. Според партијата, жените и децата не треба да ги сносат последиците од административни пропусти, ниту нивната заштита да зависи од политичката волја на локалната власт.
Општина Струмица се вклучи во шеснаесетдневната кампања против насилството врз жените и ја осветли општинската зграда во портокалова боја. Левица го оцени како лицемерно учеството во кампањата кога, како што тврди, буџетот на општинската програма за еднакви можности е нула денари, а институциите не им обезбедиле социјална сигурност на жртвите. Огранокот предупредува дека стапката на фемицид во земјата расте и бара постојаната поддршка за жртвите да биде дел од социјалната политика на Општината.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.