Во Градината на сеќавањето и мирот присутните им оддадоа почит и на загинатите војници и на цивилните жртви. Тамошното спомен-обележје носи натписи на француски, германски и македонски јазик.
Агенцијата за иселеништво го опиша обележјето како симбол на сеќавањето и помирувањето. Пораката од Коломбел, според Агенцијата, е дека почитта кон жртвите носи и обврска кон идните генерации да се негуваат мирот, солидарноста и пријателството меѓу народите.
На покана на градоначалникот Марк Потиеа, на комеморацијата присуствуваа членови на македонската заедница во Франција и претставници на македонско-француските здруженија „Илинден 1903“ и „Заборавени Македонци“. Присуствуваше и македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов, со делегација на Амбасадата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.