Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Македонски нотари во Берлин разговараа за правната сигурност при дигитализацијата на нотарските услуги

Извор на фотографијата: Нотарска комора на Р.С.М.
Извор на фотографијата: Нотарска комора на Р.С.М.
  • Иванов и Милков разменија искуства за дигиталните алатки во нотарската практика.
  • Меѓу темите беше и Европскиот паричник за дигитален идентитет.

Македонските нотари Владимир Иванов и Митко Милков во Берлин разменија искуства со колеги од Германија и од други земји за тоа како ги користат дигиталните алатки во својата работа. Разговараа и за тоа како да се зачуваат правната сигурност и довербата на граѓаните кога нотарските услуги се дигитализираат.

Иванов и Милков, членови на Управниот одбор на Нотарската комора на Република Северна Македонија, учествуваа на 31. Конгрес на германските нотари. Под мотото „Нотаријатот во промени – доверба во дигиталната ера“, учесниците ги разгледуваа Европскиот паричник за дигитален идентитет, примената на втората европска директива за дигитализација во националното законодавство и таканаречениот „28. режим“.

Конгресот, чија традиција датира од 1902 година, го организираше Сојузната нотарска комора на Германија. Вчера и денес во Берлин се собраа нотари од цела Германија, претставници на правосудството, државните институции и академската заедница, како и гости од странство. На денешното свечено отворање во Берлинскиот конгресен центар учесниците ги поздрави претседателот на германската комора, д-р Маркус Сикора.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.