Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Јанев: Полицијата мора навреме да го процени ризикот и кога насилството врз жените е дигитално

Извор на фотографијата: Министерство за внатрешни работи
Извор на фотографијата: Министерство за внатрешни работи

Жените и девојчињата што ќе побараат помош мора да бидат сослушани и заштитени, без оглед дали насилството се случува дома или зад екран, порача денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. За заштитата да биде навремена, според него, полицијата мора да го процени ризикот, а институциите да бидат подобро подготвени да обезбедат и електронски докази.

Пријавувањето е чин на храброст, рече Јанев, а одговорноста за насилството секогаш е кај сторителот. Жртвата не смее сама да го носи товарот: кога некој ќе побара помош, полицијата треба да постапи ефикасно и професионално, а надлежните институции поблиску да соработуваат. Справувањето со семејното и родово базираното насилство, нагласи тој, е стратешки приоритет на Бирото.

Јанев зборуваше на настан на Мисијата на ОБСЕ во Скопје по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со кој започнува глобалната кампања „16 дена активизам“. Темата беше дигиталното насилство врз жените и девојчињата како сѐ поизразен облик на насилство што ги загрозува нивната безбедност, приватност и достоинство.

Покрај заштитата на жртвите, Јанев побара институциите постојано да работат на превенцијата и активно да ги вклучат младите во таа работа. Соработката со нив, според него, е важна за градење доверба, меѓусебна почит и заедничка одговорност за спречување на насилството.

„Посветеноста на институциите не се мери според зборовите што ги кажуваме денес, туку според сигурноста, довербата и промените што ги обезбедуваме секој ден“, порача Јанев.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.