Од 18 до 20 ноември во Етно село Тимчевски се одржа конференцијата „Sacred Spaces Through Time – Archaeology, Ritual and Religion“. Музејот ја посвети на археологот Јовица Станковски за неговиот придонес во истражувањето и промоцијата на културното наследство.

Свои истражувања претставија научници од Македонија, Србија, Косово, Бугарија, Грција, Словенија, Италија, Франција и САД. На излагањата присуствуваа и нивни колеги и други посетители. Според Музејот, дискусиите и размената на искуства поттикнаа нови професионални контакти и отворија можности за натамошна меѓународна соработка во проучувањето на археолошкото, духовното и културното наследство.
Снимките од излагањата наскоро ќе бидат достапни на официјалниот канал на „YouTube“. За истражувањата да останат трајно достапни, Музејот планира во 2027 година да подготви и да објави зборник на научни трудови.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.