Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

ВИДЕО: 400 ученици и 50 вработени во Струмица вежбаа како да реагираат при пожар

Гледај на Facebook
  • Во симулацијата учествуваа 400 ученици и 50 вработени од првата смена.
  • Вработените во училиштето поминаа обука пред вежбата за пожар.

На 25 ноември во основното училиште „Видое Подгорец“ во Струмица, 400 ученици и 50 вработени од првата смена вежбаа како да се заштитат себеси и другите во случај на пожар.

Вработените претходно поминаа обука. Струмичкиот Црвен крст оцени дека таа дала позитивни резултати и дека учесниците при симулацијата покажале подготвеност да се заштитат себеси и другите во кризна состојба.

Вежбата имаше за цел да се проверат училишните планови и елаборати за постапување при елементарни непогоди и катастрофи, опремата со која располага училиштето и соработката со другите институции задолжени за постапување при кризи. Целта е и да се унапреди програмата за подготовка и да се обучат нови лица кои ќе се вклучат во системот за справување со кризи.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.