Најважно
314 вести · 24 ч.
Берово -6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ученици од пет основни училишта учеа француски преку петанк

Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Крсте Мисирков – Куманово
Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Крсте Мисирков – Куманово
  • Учествуваа основци од Скопје, Битола, Куманово и Неготино.
  • Целта беше учениците низ игра да учат француски и да развиваат тимски дух.

Ученици од пет основни училишта од Скопје, Битола, Куманово и Неготино учеа француски преку играта со топки петанк. Поводот беше 19 ноември, Меѓународниот ден на професорите по француски јазик.

Идејата на настанот „La pétanque en français : jouons collectif !“ беше учениците низ игра и дружење да го запознаат петанкот и да го учат јазикот, но и да соработуваат и да развиваат тимски дух.

Настанот го организираше Здружението на професорите по француски јазик на Република Македонија. Го поддржаа Меѓународната федерација на професорите по француски јазик, Франкофонскиот центар за вработливост на УАФ при УКИМ, скопскиот Филолошки факултет „Блаже Конески“ и ООУ „Гоце Делчев“ од Неготино.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.