За да ја поврзат работата со чиповите со основите на компјутерската архитектура, учениците разгледуваа што прават поединечните компоненти на еден компјутер и како тие работат заедно. Практичниот дел им даде можност да видат како со „FPGA“ се развива дигитален систем за одредена намена и каде се применува таа технологија при развојот на компјутерски и вградени системи.
Работилницата ја организираа Институтот за компјутерски технологии и инженерство при ФЕИТ и училиштето „Илинден“. Ја водеше вонредната професорка Данијела Ефнушева со поддршка од асистентот Кристијан Нелковски од Институтот.
Според ФЕИТ, учениците активно се вклучиле во задачите и покажале интерес понатаму да ги изучуваат компјутерските науки и инженерството. Преку вакви работилници факултетот сака да ја продлабочи соработката со средните училишта и да им ги приближи инженерските технологии на младите како можен избор за студии и професија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.