301 вести · 24 ч.
Берово 9°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Тројца повредени од силниот ветер во Битола, пријавени околу 20 паднати дрвја

Фотографија од настанот · Тони Коњановски
Фотографија од настанот · Тони Коњановски
  • Тројцата повредени добиле лекарска помош и се пуштени на домашно лекување.
  • До 14:30 часот биле пријавени околу 20 паднати дрвја.
  • Екипите на „Комуналец“ започнаа со отстранување на дрвјата и гранките.

Тројца се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што ја зафати Битола од синоќа, соопшти градоначалникот Тони Коњановски. Екипите на ЈП „Комуналец“ започнаа со расчистување на паднатите дрвја и гранки.

Сите тројца повредени се пуштени на домашно лекување откако им била укажана лекарска помош на одделенијата за ортопедија и максилофацијална хирургија. Коњановски ги пренесе овие информации од Итната медицинска помош во Битола и Клиничката болница.

Според градоначалникот, ветерот што дуваше од синоќа и во текот на денешниот ден на моменти достигнувал удари над 50 километри на час. До денеска во 14:30 часот, во ЈП „Комуналец“, Центарот за управување со кризи, СВР Битола и Општината биле пријавени околу 20 паднати дрвја на јавни површини и во дворови на станбени згради. Од паднатите дрвја биле оштетени неколку автомобили.

Екипите на „Комуналец“ беа на терен во текот на денот, а по прекинувањето на силниот ветер започнаа со целосно расчистување и отстранување на паднатите дрвја и гранки. Коњановски попладнево беше на терен со директорот на претпријатието, од кого ги добил податоците за пријавените дрвја.

Коњановски попладнево пренесе и информација од Управата за хидрометеоролошки работи дека ветер се очекува до вечерните часови. Тој апелираше граѓаните да бидат особено внимателни до стабилизирање на временските услови и целосно расчистување на теренот од јавните претпријатија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.