Советниците одобрија и една просторија во Домот на културата во Дабиле да се даде на привремено користење. Донесоа и неколку одлуки од областа на урбанизмот.
По расправата за работата на пет општински јавни претпријатија, Советот ги усвои нивните извештаи за периодот од 1 јануари до 30 септември 2026 година. Станува збор за „Паркиралишта – Струмица“, „Струмица-Гас“, „Стационар – ЛАНА“, „Струмица – Транспорт“ и „Комуналец“.
Советот предложи член за Управниот одбор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица. Советниците разрешија и именуваа членови во два општински совета: за социјална заштита и за превенција на детското престапништво.
Во градинката „Виножито“ промените се однесуваат на органот за надзор, каде што Советот разреши и именуваше членови. Во Училишниот одбор на СОУУД „Димитар Влахов“ го разреши досегашниот претставник на Општината и именуваше нов.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.