Во телото, кое ќе се активира согласно Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, ќе учествуваат Општина Струмица, СВР Струмица при МВР, Регионалниот центар за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и струмичката противпожарна единица. Ќе се вклучат и подружницата „Беласица“ на ЈП „Национални шуми“, Државниот инспекторат за земјоделство и други надлежни институции.
Јанков го најави активирањето на телото на петтата работна конференција на Локалниот совет за превенција на Општина Струмица, посветена на заштитата на животната средина и квалитетот на воздухот. Тој претстави и што направила Општината досега за да го намали аерозагадувањето.
Претставници на граѓанското здружение „Здрава Котлина“ посочија со кои проблеми се соочува регионот. Учесниците ги разгледаа нивните забелешки како основа за планирање на следните активности.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.