Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ денес зеде 40 примероци од скопската водоводна мрежа. Два од нив се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.
Секторот ја проверува водата секојдневно според Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр. 183/2018 (прилог 2, дел Б). Денешните примероци се земени според методата МКС „ISO“ 5667-5 за земање примероци на вода за пиење од пречистителни станици и водоводни мрежи.
Лабораториите на секторот, акредитирани според „ISO“ 17025:2018, ќе направат физичко-хемиска и микробиолошка анализа на сите 40 примероци. Двете анализи се дел од основниот преглед А од прилог 4 на правилникот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.