Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ денес зеде 43 примероци од водоводната мрежа во Скопје. Два од нив се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.
Дневната контрола се спроведува според Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење бр. 183/2018 (Прилог 2, дел Б). Секторот го примени методот МКС „ISO“ 5667-5 за земање примероци на вода за пиење од пречистителни станици и водоводни мрежи.
Лабораториите на секторот, акредитирани според „ISO“ 17025:2018, ќе направат физичко-хемиски и микробиолошки анализи на сите 43 примероци. Анализите се дел од основниот преглед А од Прилог 4 на правилникот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.