Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ денес зеде 40 примероци од градската водоводна мрежа за дневната проверка на водата. Два од нив се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец.
Дневната контрола се спроведува според Прилог 2, дел Б од Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (бр. 183/2018). Секторот ги зеде примероците по методот МКС „ISO“ 5667-5, кој го уредува земањето примероци вода за пиење од пречистителни станици и водоводни мрежи.
Лабораториите на секторот, акредитирани според стандардот „ISO“ 17025:2018, ќе направат физичко-хемиска и микробиолошка анализа на сите 40 примероци. Двете анализи се дел од основниот преглед А од Прилог 4 на правилникот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.