Извор на фотографијата: Ј.П ”Улици и патишта”-Скопје
Во Зоолошката градина ја отстрануваат оплатата и поставуваат бехатонски плочи кај живеалиштата на животните.
На крстосниците со семафори работниците ги поправаат дефектите на семафорите и светлосната опрема.
Зимската служба дежура деноноќно во пунктовите и интервенира по потреба.
Екипите на скопското ЈП „Улици и патишта“ денеска ги подготвуваат за асфалтирање пешачката патека на улицата „Ѓорче Петров“ и патеки во Мега парк Карпош.
На пешачките патеки долж булеварот „Партизански Одреди“ работниците ги прередуваат оштетените бехатонски плочи. Во Зоолошката градина ја отстрануваат оплатата и поставуваат бехатонски плочи кај живеалиштата на животните. На кејот на Вардар рачно ги чистат косините.
На улицата „Васил Ѓоргов“ екипите ги нивелираат канализациските шахти, а на кракот 38 од булеварот „Македонско Косовска Бригада“ со машини го отстрануваат оштетениот асфалт.
На крстосниците со семафори работниците ги поправаат дефектите на семафорите и светлосната опрема. Ноќе екипите ја одржуваат сообраќајната сигнализација и опремата на градските улици.
Зимската служба дежура деноноќно во пунктовите и интервенира по потреба.
·
Редакциска обработка
Оваа содржина може да биде делумно или целосно подготвена и уредена со помош на вештачка интелигенција и може да содржи грешки или неточности.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.