За самопочитта и за тоа како изгледа здрава врска со ученичките зборуваше Валерија Преспаноска. „Вистинската љубов не повредува, не контролира и не поставува услови. Заслужуваш покрај себе некој со кого ќе се чувствуваш спокојно, сигурно и сакано, а не некој што ќе ти создава страв и грижи“, им порача таа.
Дискусиите и креативните активности беа посветени на личната безбедност и на спречувањето на родово базираното и семејното насилство. Ученичките разговараа и за насилството и вознемирувањето на интернет, за ризиците со кои се соочуваат девојките и за безбедното и одговорно користење на дигиталните платформи.
Училиштето ја организираше работилницата со прилепското Здружение за правна едукација и транспарентност „Станица ПЕТ“, како дел од меѓународната кампања „16 дена активизам против родово-базирано насилство“. Тие соработуваа преку проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“.
Од училиштето ги повикаа младите отворено да зборуваат за насилството и да побараат поддршка, наместо да го премолчуваат, оправдуваат или игнорираат. Со ваквите разговори училиштето сака да гради средина во која има почит, еднаквост и солидарност, а насилството не се толерира.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.