Планот опфаќа 0,78 хектари меѓу улиците „Љупчо Сантов“, „Стив Наумов“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и крак од „Љупчо Сантов“. Целото подрачје е со намена А1, односно за домување во семејни куќи. Поголемиот дел е веќе изграден, а дел од неизграденото земјиште е во државна сопственост.
Градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, смета дека планирањето треба да тргне од потребите на жителите, со внимание на зеленилото, пешачкиот пристап, безбедноста и одржливиот развој на градот. Според него, изработката и донесувањето на урбанистичките планови треба да овозможат просторот да се користи рационално, градот да се развива плански, а жителите да имаат подобри услови за живот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.