На улицата се поставени три гумени забавувачи, а сообраќајните знаци и ознаките на коловозот ги известуваат возачите за ограничувањето. По оваа улица се стигнува до Спортско-рекреативниот центар, градскиот парк и црквата „Св. Кирил и Методиј“.
Жителите побараа побезбедни улици, особено за пешаците, децата и повозрасните. Целта на зоната е возилата да се движат побавно за да се намали ризикот за сите учесници во сообраќајот. Општината ги повика возачите да го почитуваат ограничувањето низ целата населба.
Општината се повикува на истражувањата на Руне Елвик од 2001 година, според кои намалувањето на брзината од 50 на 30 км/ч може значително да придонесе за намалување на бројот на повреди при сообраќајни незгоди.
Мерката е дел од општинската Стратегија за безбедност на патиштата за периодот од 2023 до 2027 година и спаѓа во вториот столб на пристапот кон безбеден систем, „Побезбедни улици во градот“. Работите ги изведе скопската фирма „Виа сигнал“, а инвестицијата изнесува околу 730.000 денари.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.