Меѓу гостите беа Марија Милошевска, етнолог и антрополог, која се занимава со визуелна уметност и дизајнира накит, и м-р Јован Јанушески, специјалист по медицинска нуклеарна физика. За своето професионално искуство зборуваше и Мартин Ивановски, специјалист за географски информациски системи во ГДИ во Скопје.
Двајца од соговорниците денес водат тимови во индустријата. М-р Верка Камчева раководи со хемиската лабораторија во рудникот за бакар „Бучим“, а м-р Дамјан Шушлески ја води групата за микробиолошка контрола во одделот за контрола на квалитет во „Реплек“ АД во Скопје. Искуството од наставата го сподели м-р Сузана Ничота, професорка по математика во скопското средно училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“.
На кафе-средбата, која ја организираше факултетскиот Центар за кариера, гостите се присетија и на своите студентски денови. Зборуваа за љубовта кон професијата и за упорноста со која истрајувале во работата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.