Повикот е наменет за млади со живеалиште во Општина Прилеп, за ученици од прилепските средни училишта, како и за млади кои студираат во Прилеп или се активни во тамошните младински организации и иницијативи.
За есеј и за говор учеството е самостојно. Есејот треба да има од 800 до 1.500 зборови, а снимениот говор да трае од три до пет минути. Видео или подкаст младите можат да подготват самостојно или во тим од најмногу тројца членови. Во категоријата видео се прифаќа краток филм или видеопорака од две до пет минути, а за подкаст се пријавува аудиоепизода од пет до 12 минути.
Ќе бидат избрани 12 финалисти, по три во секоја категорија. Во секоја категорија ќе се доделат прво, второ и трето место. Наградата ќе ја добие само носителот на пријавата, без оглед на тоа колкумина учествувале во подготовката или изработката на делото.
Натпреварот има финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Заинтересираните можат да ги прочитаат условите за учество и упатството за пријавување.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.