Правната помош би опфатила и објаснување на правата на должниците и насоки како да се заштитат од незаконски постапки. Финансиското советување би им помогнало да ги организираат личните финансии и да го испланираат семејниот буџет. За луѓето кои се соочуваат со стрес или други психолошки последици од задолженоста, советниците предлагаат и бесплатна психолошка поддршка.
Според Левица, ниските примања и сѐ повисоките трошоци за живот принудуваат сѐ повеќе граѓани да земаат брзи кредити, по што често запаѓаат во долгови од кои тешко излегуваат. Партијата вели дека многумина се соочуваат и со постојани повици, пораки и притисоци од кредиторите и агенциите за наплата. Советниците сметаат дека Општината треба да им обезбеди стручна поддршка и заштита, а дека сиромаштијата не смее да биде извор на профит за лихварите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.