Аврамоска ја прими дипломата вчера во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. На доделувањето на наградите, другите ученици од училиштето што учествуваа на конкурсот и нивните ментори добија благодарници за учество.
На истата свеченост библиотеката им додели награди и признанија и на учениците и менторите од конкурсите за рецитација и краснопис.
Во музичкиот дел настапија ученици од музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“. Библиотеката обезбеди подароци за учениците, а прилепска „Витаминка“ донираше пакетчиња.
Редакциска обработка
Оваа содржина може да биде делумно или целосно подготвена и уредена со помош на вештачка интелигенција и може да содржи грешки или неточности.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.