За дел од блокот 48 во „Трета МУБ“, пред советниците ќе биде урбанистички проект со план за парцелација. Станува збор за градежната парцела 74 на катастарската парцела 17732 во Куманово, со намена А1 за куќи за домување. Проектот предвидува и поместување на границите кон соседната катастарска парцела 18399.
За други 12 парцели, прашањето е дали треба да се донесе урбанистичко-планска документација. Надвор од градежниот реон се опфатени парцелите 16/1 и 1102/1 во Доброшане, 4037 во Романовце и 365/2 во Биљановце. Другите предлози се за парцелите 62/2, 32/2 и 32/1 во Љубодраг, 1519 и 1522/1 во Горно Коњаре, 76 во Ново Село, 3745 во Куманово и 146/1 во Речица.
За општинските основни училишта е предложена измена и дополнување на одлуката со која се дава согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици и комбинирани паралелки во учебната 2026/2027 година. Посебна точка е предлогот за разрешување и именување членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.
Советниците ќе разгледаат и како работеле пет јавни претпријатија од јули до септември 2026 година. На дневен ред се финансиските извештаи на „Водовод“, „Чистота и зеленило“, „Куманово – паркинг“, „Куманово – гас“ и „Куманово – план“.
За „Куманово – гас“ се бара согласност и за одлуката за измена на статутот и за неговиот пречистен текст. Предложени се и две именувања: член на Управниот одбор на „Куманово – гас“ и член на Надзорниот одбор на „Пазаришта“.
На дневен ред е и информацијата за работата на општинскиот Инспекторат од јануари до јуни 2026 година. Советот ќе разгледа и предлог за пренос на движен имот од Општина Куманово во сопственост на Општина Кратово, како и посебен предлог за прифаќање донација.
Ова е 21. седница на Советот, со 27 точки на дневниот ред. Ќе почне во 10 часот во кружната сала во зградата на поранешните општествено-политички организации.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.