Градот ќе вложува во подобро улично осветлување, појасна сообраќајна сигнализација и поврзани пешачки и велосипедски патеки. Ѓорѓиевски објасни дека сака децата на пат кон училиште да можат безбедно да ја преминат улицата, а луѓето што користат инвалидска количка да можат непречено да се движат по тротоарите.
Меѓу приоритетите уште од почетокот на мандатот ги вброи булеварот „Борис Трајковски“, мостот на „Љубљанска“ и клучката „Момин Поток“. Од овие проекти очекува побезбедно секојдневно патување до работа, до училиште и до дома.
Покрај целта за Скопје, Ѓорѓиевски потсети и на заедничката обврска на национално ниво: до 2030 година бројот на загинати и тешко повредени во сообраќајот да се намали за најмалку 50 проценти.
Градоначалникот го поддржа проектот „Безбеден град“ на МВР, кој, како што рече, добил меѓународно признание благодарение на министерот Панче Тошковски. Според Ѓорѓиевски, евидентирањето на прекршоците придонесува за поголема дисциплина зад воланот, а правилата мора да важат за сите. Ги повика возачите да не користат телефон додека возат и да ја намалат брзината пред пешачки премин.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.