Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Велешкиот театар ги почна пробите за „Обгорени“, семејна драма за наследството на војната

Фотографија од настанот · НУ Театар Јордан Хаџи Константинов Џинот Велес
Фотографија од настанот · НУ Театар Јордан Хаџи Константинов Џинот Велес
  • Борче Василески ја поставува драмата на Важди Муават во Велес.
  • Во претставата ќе играат осум актери, а музиката е на Сашко Костов.

Во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес вчера се одржа првата проба за „Обгорени“ од современиот драмски автор Важди Муават. Претставата ја режира Борче Василески.

Во семејната драма, чиј оригинален наслов е „Incendies“, Муават ја поврзува потрагата по вистината со она што војната го остава зад себе и со тајните кои со години остануваат скриени.

Во претставата ќе играат Зорица Панчиќ, Талија Настова, Филип Христовски, Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Исидор Јованоски, Талија Ѓорѓиева и Теона Крстеска. Автор на музиката е Сашко Костов, сценограф е Мартин Манев, а костимограф е Сара Милевска.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.