Авторите од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Полска и Швајцарија учествуваа со вкупно 1.544 фотографии. Во две од четирите натпреварувачки категории темата беше слободна, едната за црно-бели фотографии, а другата за фотографии во боја. Преостанатите две категории беа портрет и природа.
Меѓународното жири додели 86 награди. За салонската награда, наградата „Живко Јаневски“ и наградата на Фото сојузот на Македонија беа доделени златни, сребрени и бронзени медали, како и дипломи.
Изложбата ја организираше кумановскиот Фото кино клуб „Козјак“ со поддршка од Општина Куманово. Целта на салонот е да ја промовира уметничката фотографија, да го поттикне творештвото и да им овозможи на авторите од различни земји да разменат идеи и искуства.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.