Преводот го објави „Арс Ламина“ во 2023 година. Во образложението за наградата, комисијата го посочи предизвикот што го носи делото на Артузи, во оригинал „La scienza in cucina e l’arte di mangiar bene“: кулинарскиот трактат е дел од италијанскиот книжевен канон, но и денес е актуелен. Според комисијата, Караникиќ Јосимовска нашла рамнотежа меѓу постариот и современиот јазичен израз, така што во преводот доаѓаат до израз и времето во кое е напишан текстот и неговата актуелност.
Наградата беше доделена на 16 ноември во седиштето на италијанското Министерство за култура во Рим. На свеченоста се обратија претседателката на комисијата и сенаторката и државна потсекретарка Лучија Боргонцони, која ги врачи дипломите. Образложенијата за наградите ги прочита членот на комисијата Бруно Маѕони, професор на Универзитетот во Пиза.
Паола Пасарели, генерална директорка на Дирекцијата за библиотеки и културни установи, ја отвори свеченоста. Таа рече дека со наградите им се оддава признание на преведувачите, но се потврдува и поддршката на институциите за читањето, издаваштвото и меѓународната културна соработка. Повикувајќи се на мислата на Умберто Еко дека преведувањето е јазикот на Европа, Пасарели го опиша вреднувањето на преводот како вложување во разбирањето, отвореноста и дијалогот меѓу народите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.