Токму затоа, смета Прентоска, важно е да се споредуваат искуствата и да се разговара за решенијата што се покажале како успешни во практиката. Целта на ИСОС е знаењата и контактите од ваквите средби да им помогнат на членовите да се усовршуваат, да ги следат промените во деловното окружување и да им даваат поквалитетна поддршка на компаниите.
Според Прентоска, со претставувањето на домашните искуства македонските сметководители придонесуваат за стручните дискусии во регионот и во Европа. Таа учествуваше и на меѓународна тркалезна маса со претставници на професионалните организации од шесте земји. Тие разменија практични искуства и разговараа за заедничките професионални предизвици и за можностите за поблиска соработка.
На конгресот се дискутираше и за даночната политика и конкурентноста на деловното окружување, поедноставувањето на административните постапки, примената на ДДВ и судската практика во даночните постапки. Посебна тема беа регулирањето и оданочувањето на виртуелните валути. Д-р Александар Ивановски, директор на „CFE Tax Advisers Europe“, ги претстави најновите даночни случувања во ЕУ.
На 18. издание на конгресот, кое се одржа вчера и денес, ИСОС го претставуваше и Емилија Станчевска, претседателка на Надзорниот одбор на Институтот. Комората на даночни советници на Словенија го организираше собирот на кој учествуваа претставници на професионалните организации од регионот и европски експерти за даночна политика и практика.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.